Цената на електричната енергија најверојатно од идниот месец ќе се зголеми за 9,83 отсто, додека за 3,13 проценти ќе скокне цената на парното затоплување.

Со ваква предлог одлука излезе Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија (РКЕ ) по подготвителната седница наменета за корекција на цените на електричната и на топлинската енергија.

Како што информираше првиот човек на РКЕ, Димитар Петров, поскапувањето се должи на зголемените трошоци на енергетските компании, како и на намалената ликвидност на дел од нив.

Петров додаде дека енергетските компании изразиле големо незадоволство од последното предложено зголемување на електричната енергија и на парното греење, односно тие барале тоа да биде многу поголемо.

OhridNews
извор: Makfaks