Студентска конференција за економија и бизнис во услужните дејности – СЕРВЕКО 2026 ќе се одржи на 20 мај 2026 година на Факултетот за туризам и угостителство Охрид преку Центарот за научноистражувачка работа во соработка со Факултетското студентско собрание.

Во рамки на конференцијата ќе бидат презентирани студентски трудови од областа на услужниот сектор, проследени со дискусија, коментари и препораки, како и предавање, мастер клас, демонстративна сесија и отворена дискусија со врвниот европски шеф и еко-активист Филип Ондрушек.

Особено го нагласуваме мастер класот со Филип Ондрушек, интернационален шеф и едукатор за одржлива гастрономија, кој ќе понуди практичен и инспиративен пристап кон современите гастрономски трендови, улогата на локалните производи во fine dining гастрономијата и значењето на Zero-Waste менаџментот во професионалната кујна, велат од ФТУ, упатувајќи повик до студенти да бидат дел од конференцијата и активно да се вклучат.

OhridNews