Од денес почнува со работа школата „Ла Кубанита“ во Центар за култура „Григор Прличев“. Во оваа насока започнуваат и уписите на нови членови за латино танци.

Дали сте подготвени да внесете енергија, страст и забава во вашето секојдневие? Здружението „Ла Кубанита“ ги отвора вратите за сите љубители на латино ритмите! Без разлика дали сте почетник или веќе имате искуство, ве покануваме да ни се придружите и да ги научите чекорите на Салса, Бачата, Меренге и многу други привлечни танци, велат од Здружението.

Ветуваат одлична дружба и нови пријателства, намалување на стресот преку музика и движење, подобрување на кондицијата и држењето на телото, како и професионални инструктори и пријатна атмосфера.

Дојдете да танцуваме под охридското недо! Ве очекуваме!, порачуваат од „Ла Кубанита“.

Часовите ќе се одржуваат во вторник и четврток во периодот од 19 до 21 часот. Информации и пријавување на телефонскиот број 075 231 891.

OhridNews