По повод празникот Светото Благовештение – Благовец денес ќе се одржи Света Литургија со почеток во 12 часот во црквата Свето Благовештение – Благовец во Коњско, наспроти Хотел “Метропол”, веднаш над главниот пат.

Годинава ќе биди изложена и икона на Светото Благовештение од Светата земја – Светиот Храм и Животоносниот извор на Светото Благовештение во Назарет, Израел, самото место каде што Архангел Гаврил иʼ се јави на Мајката Божја и иʼ ја донесе најблагата вест дека го носи Спасителот Исус Христос во својата Пресвета Утроба – Почетокот на Светот! Ќе биде донесена и Света вода, информираат од Црковниот одбор.

Воедно, посочуваат дека ќе бидат осветени и лепчиња и славски погачи за здравје на сите, а ќе се крштева и вода.

OhridNews