Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 јануари,четврток, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Обрезание на Господ Исус Христос и свети Василиј Велики“, со почеток во 8.45 часот.

Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

OhridNews