Утре, 25 ноевмри 2026, на денот кога Светата Православна Црква го празнуа денот на светиот Јован Милостив, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, ќе се отслужи света заупокоена литургија, по повод две години од упокојувањето на Митрополитот Тимотеј со почеток во 08:45 часот, информираат од Дебарско-кичевската епархија.

На Божествената Литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Ги покануваме сите верници кои се во можност да присуствуваат и заеднички, преку молитва, да му оддадеме спомен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, велат во соопштението.

Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј почина на 25 ноември 2024 година по кусо боледување, на 73 годишна возраст. До неговото вечно почивалиште во јужната апсида на храмот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник беше испратен на 28 ноември.

OhridNews