На 9-ти мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население.

Војната однесе повеќе близу 80 милиони животи.ајмногу во Советскиот Сојуз, околу 27 милиони, од кои 17-18 милиони цивили. Во Кина загинале 15-20 милиони луѓе, во Германија 6,5 – 7,5 милиони, Полска околу 6 милиони, Индонезија 3-4 милиони, Јапонија околу 3,5 милиони, Југославија околу 1 милион луѓе.
Македонија за време на Втората светска војна беше на страната на антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори, само од вардарскиот дел на Македонија, загинале 33.000 луѓе, вклучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои беа депортирани во концентрацискиот логор Треблинка, Полска.
Материјалните штети биле огромни и се проценуваат на тогашни близу 300 милијарди американски долари.
Втората светска војната заврши дури на 2 септември 1945 година, кога Јапонија капитулираше по бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки со дотогаш непознатото оружје, атомската бомба.

Македонскиот народ во тие судбоносни моменти се определи против фашизмот , заедно со светската антифашистичка коалиција, за борба против ропството, борба за остварување на вековниот сон за национална слобода и своја држава. Учеството во вооруженото востание во Народноослободителната борба беше револуционерен и патриотски долг на сите напредни и слободољубиви сили. Од Народноослободителната војна израсна грандиозното АСНОМ-ско дело, слободната македонска држава.
Оттаму, антифашизмот останува трајна наша обврска и долг за чување и натамошно унапредување на историските придобивки и вредности на Народноослободителната и антифашистичка војна, На новите генерации им следи обврската да бидат побројни, посмели во одбраната – за да им бидат рамни и да ги надминат претходниците, вели Гоце Георгиески од Општински одбор на Сојузот на борци и почитувачи на традицијата во Охрид и Дебрца.
По повод на 9 Мај, во сабота, во 12:00 часот, делегација на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, Општина Дебрца, Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста – огранок Охрид, Здружението на резервни старешини, политички партии и други, ќе положaт свежо цвеќе на споменикот во месноста Раштани кај село Белчишта.
OhridNews














