Светски ден на театарот, Народен театар Охрид ќе го одбележи со претставата „Парите се отепувачка”
27.03.26 09:29
Инициран во 1961 година од страна на Меѓународниот театарски институт, Светскиот ден на театарот се одбележува насекаде низ светот со различни национални и меѓународни театарски настани.
Народниот театар Охрид вечерва, во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе ја изведе претставата „Парите се отепувачка“, во режија на Андреј Цветановски во склоп на чествувањето на Меѓународниот ден на театарот и истата има хуманитарен карактер.
„Парите се отепувачка“ спаѓа во класиците на македонската драматургија и како таква секогаш е подложна за нови сценски прочити. А тоа е можно затоа што темата е секогаш универзална: Која е жртвата што ја прави оној што оди на печалба, но и која е жртвата на семејството кое останува и чека печалбарот да се врати? Дали вреди животот да се стави на пауза заради соништата на семејството? Дали изгубеното време се надоместува со било кои пари? Низ овие поставени прашања се обидовме да направиме античка трагедија низ македонскиот мелос од битовата драма на Ристо Крле. Во претставата играат МИТРЕ – Стрезо Стаматовски, АНЃЕЛЕ – Филип Кипровски, МАРА – Марија Новак, КАТА – Адријана Билаловиќ – Тодороска и СОФРЕ – Никола Тодороски. Претставата ќе се одигра утре со почеток во 20 часот, а цената на билетот е 300 денари.
Од Народен театар упатуваат повик до граѓаните да ја поддржат оваа хуманитарна иницијатива и преку своето присуство да дадат придонес во оваа значајна акција. Сите средства од продадените билети од вчерашната и денешната претстава ќе бидат донирани за лекување на нашата сограѓанка Ева во Германија.
Учениците и вработените во ОУ „Братство Единство“ во Лескајца беа информирани дека водата во училиштето не е исправна за употреба и дека децата треба сами да си носат вода за пиење, вели во допис д...
Општина Охрид има Индекс на отвореност на локалната самоуправа од 49% според последните мерења за 2026 година Истражувањето кое беше спроведено во периодот од 1 февруари до 30 јуни од страна на Фон...
Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, заедно со помошниците директори, учествуваше на меѓународната академска конференција на тема „Даночна политика, нееднаквост и неформална ек...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.