Актуелната шампионка на грен слем турнирот во Мелбурн, Каролин Вознијацки која е страствен навивач на Ливерпул упати отворена молба до управата на клубот од Енфилд да го задржат Мухамед Салах во тимот и да оддолеат на сите понуди за него.
Салах сезонава се пресели на Енфилд од Рома и блесна во дресот на „црвените“ постигнувајќи 24 погодоци во Премиер лигата.
– Тој е фантастичен играч и корисен за тимот. Знам дека секогаш постои опција за заминување, но јас ќе го замолам Ливерпул да го задржи Салах што подолго во екипата, бидејќи ни е потребен. – изјави Вознијацки.
Ливерпул викендов во рамките од 30-та рунда од Премиер лигата го игра дербито со Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Победникот од овој дуел ќе направи голем чекор кон обезбедување на вицешампионската позиција на табелата.
OhridNews