Пласманот помеѓу ТОП 4 на табелата во Премиер лигата на Челси станува невозможно мисија, откако пред своите гледачи на Стемфорд Бриџ одиграа нерешено со Вест Хем во последниот меч од 33-та рунда.

„Сините“ после половина час играа поведоа со 1-0 со голот на Аспликуета, а имаа и игра и прилики за втор погодок кој не го постигнаа. Казната за неискористените шанси стигна во 73-та минута кога Чичарито погоди за 1-1.

 

Челси има десет бодови негатива во однос на Тотенхем и Ливерпул кои се на третата односно четвртата позиција. „Сините“ имаат ист број одиграни натпревари со Тотенхем (32), додека „црвените“ имаа меч повеќе, што остава простор за надеж за пресврт во финишот од Премиер лигата.

Резултати: Арсенал – Саутемптон 3-2, Челси – Вест Хем 1-1

OhridNews