Околу 350 охридски матуранти од сите средни училишта ќе учествуваат на традиционалната матурска парада која годинава ќе се одржи на 21 мај, четврток, во 12.00 часот на градскиот плоштад.

Матурантите од Охрид, заедно со нивните врсници од другите македонски градови и центри во Европа, ќе го изведат танцот „Квадрил” од Штраусовата опера “Лилјакот”.

И годинава за подготовките на матурантите задолжена е професорката Катерина И. Стојаноска.

Подготовките за квадрилот течеа во најдобар ред. Обучени се сите матуранти од сите средни училишта во Охрид. Овој настан го симболизира преминот од средно образование кон нови животни предизвици и испраќа порака за мир и толеранција, вели Стојаноска.

Инаку, квадрилот е класичен танц со потекло од 18-от век кој се изведува во 4 делови: панталон, ете, пасторел и финале.

Н.С.Ј.