На 18.04.2026 во 13:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на некатегоризиран пат во близина на автокамп „Љубаништа“, трактор управуван од 67-годишно лице од с.Велмеј, општина Дебрца, се превртел.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид# информира СВР Охрид.
На местото на незгодата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews
Фото: Илустрација













