На брегот на Охридското Езеро, во населбата Св. Стефан, ресторанот и плажа бар „Лихнидија“ две години ја раскажува својата автентична угостителска приказна, со посветеност, вкус и топлина што грее душа и буди чувства.

Од идеја водена од љубов кон гастрономијата, до препознатливо место за уживање, „Лихнидија“ изминатите две години изгради свој препознатлив идентитет.

Како што посочува менаџментот, визијата од самиот почеток била јасна, да се создаде простор каде храната не е само оброк, туку доживување.

Сакавме да создадеме место каде гостите ќе се чувствуваат како дома, но ќе уживаат во врвно гастрономско искуство. Денес можеме да кажеме дека сме на добар пат, велат од тимот на „Лихнидија“.

Две години ресторан „Лихнидија“: Приказна со вкус, гастрономска љубов и езерска магија. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

Спојот на природната убавина и внимателно креираната атмосфера создава доживување што гостите го препознаваат и сакаат повторно да го почувствуваат.

Главниот адут на ресторанот „Лихнидија“ е добрата храна. Менито е внимателно осмислено, со акцент на квалитетни состојки и автентични вкусови. Токму таа комбинација на традиција и современ пристап ја прави понудата препознатлива и привлечна за гурманите.

Но, како што велат од менаџментот, највредни се моментите со гостите.

Најубавите спомени се токму оние кога гледаме задоволни луѓе, семејства, пријатели, насмевки. Тоа е нашата најголема мотивација.

Својот втор роденден ресторанот „Лихнидија“ го одбележа синоќа во пријатна и интимна атмосфера, во присуство на блиски, пријатели, гости и соработници. Вечерта беше исполнета со насмевки, убави спомени и поглед кон езерото што го прави секој момент посебен.

Вториот  роденден е само уште една станица во приказната што продолжува да се развива. Со истата посветеност и љубов, ресторанот „Лихнидија“ продолжува да создава место каде вкусот, атмосферата и луѓето се спојуваат во едно.

OhridNews
Фото: Анамарија Момироска