Победата над Будуќност (30-25) со која ја заокружија главната фаза во Лигата на Шампиони на „вардарки“ им донесе и индивидуални награди од ЕХФ во изборот на најдобрите.
Хрватската интернационалка Андреа Пенезиќ се најде помеѓу трите најдобри ракометарки, голманката Ина Суслина со двојната одбрана го најавува изборот на најдобрите одбрани, додека Александра Лакребре го зазеде третото место во петте најубави голови.
Првото место во групата и индивидуалните признанија треба да бидат мотив повеќе за „црвено црните“ во 1/4 финалниот двомеч со данскиот Митјиланд.
OhridNews