Новогодишните празници го донесоа првиот поголем бран туристи во Охрид во 2016-та. И повторно најмногу проблеми има во сообраќајот. Улиците во центарот на градот, кои дел се користат за паркирање, беа претесни, па возилата едвај се разминуваа.
Голем притисок имаше и во строгиот центар, па освен на градскиот кеј и дозволените зони автомобили беа паркирани и на делови каде тоа е забрането. Сообраќајната полиција во еден момент мораше да го затвори приодот кон строгиот центар за да го растовари сообраќајот.
Паркингот е еден од најголемите проблеми на Охрид при доаѓање на поголем бран туристи. Неконтролираната изградба во центарот на Охрид во минатото без да се обезбедат доволен број паркинг места дополнително го компликува проблемот. Градските власти ветија изградба на катни гаражи на неколку локации, со што во голема мера би се компензирал очигледниот недостаток на паркинг во центарот на градот, но оваа иницијатива засега е само најава.
OhridNews