– Ги замолуваме граѓаните, доколку забележат појава на пожар, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на бесплатниот телефонскиот број за итни повици на Центарот за управување со кризи 195, со што би придонеле за навремено преземање на активности од страна на надлежните служби и спречување на поголеми пожари. Исто така, сите лица кои во периодот на зголемени надворешни температури мораат да спроведуваат работни активности во пошумени или други локации, порачуваме да ги зголемат мерките на претпазливост за да не дојде до опожарување на околината, велат од ЦУК.
Центарот за управување со кризи, во наредниот период постојано ќе врши известување на сите надлежни субјекти во врска со можната појава на пожари на отворен простор преку 24 часовните дежурства во своите оперативни центри низ целата територија на Република Македонија.