Kомпанијата Твитер денеска соопшти дека ќе побара од своите корисници самите да ги отстранат твитовите во кои наведуваат лажни или погрешни тврдења за вакцинација против коронавирусот, јавија британските медиуми.

Оваа социјална мрежа соопшти дека од корисниците ќе биде побарано да ги избришат коментарите во кои се наведува дека вакцините се „намерно дизајнирани да предизвикаат штета или полесно да се контролира населението, вклучително и коментари во кои се наведува дека вакцините се дел од глобален заговор“.

На корисниците на Твитер, исто така, ќе им биде забрането да пишуваат дека пандемијата не е реална или не е сериозна и дека вакцинирањето е непотребно.

OhridNews