Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ постигнаа значајни успеси на Државниот натпревар за средни електротехнички, машински и сообраќајни училишта, кој се одржа на 8 и 9 мај во Кавадарци.

Во профилот „Електроника и телекомуникации“, Димитар Шерементоски го освои првото место, додека Ангелина Симиџиоска освои второ место во категоријата „Техничар за индустриска мехатроника“.
Пофалници добија Христијан Белески во категоријата „Електротехничар енергетичар“ и Ксенија Димоска во „Електротехничар за компјутерска техника и автоматика“.
Во машинската и сообраќајната струка, Христина Василевска и Ангела Божиноска освоија трети места, додека Бојана Илиеска се закити со второ место. Пофалници добија и Стефан Димитриески и Сара Божиноска.

Од училиштето велат дека се горди на своите ученици посочувајќи дека постигнувањата се доказ дека знаењето, упорноста и тимската работа носат успех.
OhridNews













