Ученици од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид и од „Економско-трговинската школа“ – Бор беа дел од втората мобилност во рамки на проектот „Super Schools“ – „Мост кој поврзува два езера“. Домаќин овојпат беше РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид во периодот од 24 до 27 март.

Следуваа работилници подготвени од учениците, како и активности за младински активизам и запознавање со културата и традицијата на градот. Вториот ден беше посветен на интеркултурен дијалог преку работилници за традиција, храна, музика и обичаи. Учениците учествуваа во активности како „Вкуси ја традицијата“ и „Музиката како мост меѓу луѓето“, градејќи разбирање и почит кон различностите, посочуваат.

Последниот ден беше посветен на спортски и тимски активности, работилници за идентитет и различности, како и евалуација и затворање на мобилноста со проштална забава. Овие денови беа исполнети со нови знаења, пријателства и незаборавни моменти кои го зајакнаа мостот меѓу двете езера, додаваат од училиштето.
Мобилноста се реализираше под координација на Даница Скрческа и Катерина Џамбазовски од РЦСОО „Ванчо Питошески”- Охрид, како и Валентина Поповиќ и Милорад Петровиќ од „Економско трговсчко школо”- Бор.
OhridNews













