Љубителите на филмската уметност вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе имаат можност да го погледнат филмот „Три во едно“ на режисерот Коле Ангеловски.

Според најавите кино проекции на овој филм ќе има и на 15-ти, 16-ти и 17-ти септември, исто така почеток 20.00 часот, а влезниците чинат 100 денари.

Филмот е урнебесна комедија од три различни приказни на една иста тема:Љубов и Неверство. Сценарио и режија на Коле Ангеловски. Директор на Фотографија е Антонио Божиновски, а во филмот играат актерите: Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Андон Јованоски, Марија Спиркоска Илијески, Наташа Наумоска, Марјан Чакмакоски, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Црцорски, Катерина Чакмакоска, Виолета Чакарова, Владимир Ѓорѓијоски, Александар Степанулески, Никола Настоски и други.

Дистрибутер на филмот е КТ Филм и Медиа од Скопје.

OhridNews