До концерот на светската атракција 2 CELLOS, што ќе се одржи на 19 октомври во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје, остануваат само уште неколку дена.

Влезници за долго очекуваниот концерт на 2 CELLOS останаа уште малку, велат организаторите „Авалон продукција“, од каде денеска информираа дека настапот на извонредните виолончелисти е распродаден 80 %.

Влезниците за концерот на 2 CELLOS може да се набават онлајн.

OhridNews