Во рамките на истрагата за можни терористички напади во белгиската престолнина Брисел, денес се приведени уште шест лица, соопшти белгиското државно обвинителство. Претходно беше објавено дека белгиските власти го уапсиле десеттиот маж осомничен за вмешаност во терористичките напади изведени на 13-ти ноември во Париз, во кои беа убиени 130 луѓе.
„Уапсени и на сослушување се приведени шест лица“, се наведува во четвртокот наутро во разни делови во Брисел и околината се извршени седум претреси во текот на кои се запленети мобилни телефони, компјутери и таблети кои се анализираат.
Во вторникот против двајца приведени мажи е подигнато обвинение. Станува збор за Саид С., триесетгодишниот белгиски државјанин кого обвинението го товари дека се заканувал со напади, учествувал во активности на терористичка група како сторител и соучесник, како и дека регрутирал нови членови, и 27-годишниот Мохоамед К., кој е обвинет за најтешки закани и учество во активности на терористичка група како сторител и соучесник.
Извор близок на истрагата во средата изјави дека истражителите се на трага на група којашто дејствува под називот „Бајкери самоубијци“. Претреси се изведени бриселските квартови Моленбен и Лаекен, каде живеат доселеници од исламскиот свет, како и во Андерлехт и Леув-Сен-Пјер, општини југоисточно од главниот град. Државното обвинителство во вторникот извести за сериозни закани за напади врз знаменитости во Брисел.
OhridNews
извор Макфакс