Лани, во ноември во Скопје, Американскиот универзитет на Европа – ФОН ја промовира книгата „Читањето не е баук” од авторките Љубица Кардалеска-Радојкова, Татјана Срцева-Павловска, Габриела Неделкоска, Сандра Серафимовска и Ана Арсовска.

Книгата претставува опсежна студија базирана на претходно публикуваниот прирачник „Лектирата не е баук” кој се темели на истражување поврзано со поимот и значењето на лектирата во ера на дигитализација и вештачка интелигенција, велат од Библиотеката.

На таа основа утре, 12 мај, од 11 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Лајонс клубот ДЕНИЦА ќе одржат креативен настан „Лектирата не е баук“. Модератор и креатор на настанот е доцент д-р Габриела Неделкоска. Со учениците од трета година од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и нивната професорка по македонски јазик и литература Марија Стрезовска ќе биде обработена лектирата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле.

Настанот е дел од проектот „За поубав свет“ од Годишната програма за работа на Библиотеката поддржан од Министерството за култура и туризам.

OhridNews