Црвен крст Охрид во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК, а со цел подигање на нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи продолжува со увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во образовните установи.

Времето во кое живееме, меѓу другото, налага голема сериозност и посветеност на активности за подигање на свесноста и подготвеноста за делување во случај на несреќи, елементарни непогоди и кататастрофи, како на институциите, така и на секој поединец во општеството, потенцираат од Црвен крст Охрид.
Вежбата ќе започне во 11:30 часот.
OhridNews












