ЈП Водовод Охрид најавува за утре прекин во водоснабдувањето кај корисниците од неколку улици поради сервисирање на повеќе вентили од поголем профил во централното градско подрачје.

Утре од 08:00 часот до завршување со активностите, без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Мите Богоески“, „Славеј Планина“, „Кеј Македонија“, „Серафим Китаноски“, „Ванчо Николески“, „Кузман Јосифоски Питу“, дел од „Јане Сандански“, дел од бул.„Туристичка“, „Климент Охридски“, „Цар Самоил“, „Самоилова“, „Коста Абраш“, дел од „Илинденска“, „Петар Чаулев“, „11ти Октомври“, дел од „Климентска“ и дел од „Гоце Делчев“, посочуваат.

OhridNews