Поради изведување на поголеми зафати при реконструкција во пумпната станица Метропол како и празнење на главниот доводен цевковод со профил ф 711 мм, во вторник на ден 31.03.2026 година после 22:00 часот, целиот град и околните места ќе бидат со намален притисок во водоводната мрежа, информираат од ЈП Водовод Охрид.
На ден 01.04.2026 година (среда) од раните утрински часови без вода ќе биде поголемиот дел од градот Охрид и околните места, се до завршување на предвидените активности, посочуваат од претпријатието.
OhridNews













