Директорот на Државниот испитен центар, Јусуф Арифи вели дека само на овој начин ќе има објективно оценување,
-Не е логично ученици со слаби оценки без проблем да ја поминуваат матурата. Статистиката говори дека само 1 процент од матурантите добиваат единица на тестот. Оваа година немаме технички можности да поставиме камери и блокатори, но тоа сигурно ќе биде в година, изјави Арифи.
Годинава новина е тоа што тестовите ќе се достават во училиштата само неколку часа пред испитот, а не како што беше изминатите години кога се доставуваа 24 часа претходно.
Полагањето на државната матура ќе се одвива на 9-ти и 12-ти јуни во десет часот. За мајчин јазик се пријавени 18.938 ученици, а за математика, странски јазик, естетика и филозофија 19.045. Прелиминарните резултати ќе се знаат за месец дена, а ќе има и можност за приговор кој учениците ќе ги чини 1.000 денари.