Видео технологијата која фудбалските судии ja користат за прегледувањето на спорните и дускатабилни ситуации во Серија А, Бундес лигата и англиските купови и која ќе биде имплементирана на Мундијалот во Русија годинава нема да биде уклучена во Лигата на Шампиони за следната сезона.
Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин задоволен е од двогодишните анализи кои покажуваат дека судиите имаат точни и исправни одлуки донесено во 98% од случаите во кои го користат ВАР системот, но дека нема потреба да се брза со воведувањето во најеминтното клупско натпреварување.
– ВАР системот треба да биде беспрекорен за да се вметне во Лигата на Шампиони. Нема потреба од брзање, бидејќи сведоци сме на најмалку судиски грешки во ЛШ. – изјави Чеферин.
На почеток ВАР системот беше примен со скептицизам, но како што одминува времето судиите се` повеќе ја користат помошта и донесуваат добри и исправни одлуки не оставајќи им простор на фудбалерите и екипи да се бунат.
OhridNews