Со проекција на осум кратки филмови од студенти на Факултетот за драмски уметности – Скопје (ФДУ), ќе се одбележи последната вечер од концептот Кино „Четврток“ за оваа сезона.

На репертоарот се:
„Делмо“ – Мартин Темков (игран, 6’)
„Кози, Млеко, Планина“ – Александар Маркоски (документарен, 15’)
„Пуста желба за назад“ – Дарко Ѓуровиќ (документарен, 17’)
„Црна?“ – Леона Јариќ (игран, 4’)
„Нијансите на зелена“ – Теодора Најдовска (документарен, 8’)
„Судбина или Избор“ – Бојана Миовска (документарен, 15’)
„Делузија“ – Марија Петреска (игран, 7’)
„Сведоци“ – Јана Голабоска (игран, 10’)
Филмовите опфаќаат различни жанрови и теми – од интимни лични приказни и социјални реалности, до документарни сведоштва и експериментални пристапи, прикажувајќи ја креативноста и свежината на младите автори, посочуваат организаторите.
Настанот има и хуманитарен карактер, при што влезот е со минимум донација од 100 денари, а сите собрани средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
Со оваа вечер, Кино „Четврток“ ја заокружува сезоната, продолжувајќи ја својата мисија за промоција на филмската култура, поддршка на домашните автори и создавање простор за заедничко филмско доживување, велат организаторите.
Воедно ги покануваат сите љубители на филмот да присуствуваат и да ја затворат сезоната со поддршка за младите автори и хуман гест.
OhridNews












