Голем број верници ги пречекаа моштите на Светата великомаченичка Недела што попладнево беа донесени од храмот во Битола во село Оровник.

Литијата со иконата и моштите започна од црквата Света Илија од каде продолжи до црквата Света Недела каде верниците се поклонија на светите мошти.

По литијата се одржа вечерна богослужба, а свечениот чин заврши  со културно-уметнички содржини.

Централниот духовен настан ќе биде утре кога ќе се служи утринска света архиерејска литургија во 7:30 часот, во присуство на високи претставници на Македонската православна црква.

Овој свет чин се реализира на иницијатива на Црковниот одбор при манастирот „Св. Недела“ во Оровник, семејството Нелоски, со активна поддршка и организација на свештенството од Дебарско-кичевската епархија, а со благослов на митрополитите г. Георгиј и г. Петар.

Поклонението пред моштите на Светата великомаченичка Недела, која во православната традиција се почитува како симбол на вера, истрајност и жртва, е можност за духовно воздигнување на верниците.

Фото галерија:

Величествена литија во Оровник: Голем број верници ги пречекаа моштите на Светата великомаченичка Недела

OhridNews