Минатиот четврток, пред канцелариите на MoneyMAX се одржа незаборавен настан исполнет со радост, музика и празнична атмосфера. Во духот на Велигден, финансиското друштво организираше промоција и специјална Велигденска лотарија која привлече голем број учесници.

Посетителите имаа можност да учествуваат во лотаријата и да освојат вредни подароци. Најсреќните добија слушалки, смарт часовници, тостери, блендери, телефон, апарат за палачинки, масажер и други практични уреди.

А за оние кои не успеаја да освојат една од главните награди, беа обезбедени брендирани подароци од MoneyMAX, како знак на внимание и благодарност. Дополнително, по повод празникот, на сите присутни им беа поделени чоколадни јајца.

Настанот беше збогатен со шарени балони, добра музика и позитивна енергија, создавајќи празнична атмосфера која ги обедини сите клиенти и посетители.

Со оваа промоција, MoneyMAX уште еднаш ја потврди својата заложба да биде поблиску до луѓето, да создава радост и да наградува доверба.

Фото галерија:

Велигденска лотарија пред канцелариите на MoneyMAX

OhridNews/PR