Спортот во светот загуби уште еден свој преставник, откако велосипедистот Мајкл Гулаертс од Белгија почина во болница.

23-годишниот велосипедист изненадувачки паднал среде трката во Парис поради лошење. Во првиот момент брзата помош успеала да се избори за животот на белгискиот велосипедист, но тој починал во болница во текот на вечерта.

Директорот на трката, Кристијан Прудом ја потврди трагичната вест за 23-годишниот велосипедист. – Хитно беше пренесе во болница, каде беа направени сите потребни работи за да преживее, но не успеа. 

OhridNews