Европската куќа Струга во соработка со Општина Струга и спортскиот клуб Соларис на 16 мај организираат меѓународната велосипедска тура околу Охридското Езеро.

Учесниците може да очекуваат заедничко возење низ три града и нови познанства по пат, освежување и музички пунктови што ја прават турата позабавна, полициска и медицинска поддршка за безбедно искуство, брендирани материјали за учесниците и заеднички финиш и ручек како завршница на денот, соопшти Европска куќа Струга.
Бројот на учесници, како што е наведено, е ограничен по принсипот прв пријавен – прв услужен.
OhridNews













