Весна Терзиоска избрана за нов претседател на Црвен крст Охрид на конститутивно-изборната седница на Собранието на Црвен крст на Република Македонија, Општинска организација Охрид. Терзиоска претходно ја извршуваше функцијата потпретседател на Црвен крст Охрид.
На седницата беа верификувани мандатите на 21 делегат во Собранието, кои активно учествуваа во работата и одлучувањето согласно статутарните одредби на организацијата. Во рамки на седницата беа спроведени избори за органите на управување на организацијата, при што за претседател на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Охрид беше избрана Весна Терзиоска. Исто така, беа избрани потпретседател на организацијата, членови на Раководниот одбор, како и претседател, потпретседател и членови на Финансиската комисија и делегати за во Собранието на ЦКРСМ, велат од Црвен крст Охрид.

OhridNews














