По повеќегодишни подготовки конечно започнува изградбата на катната гаража на паркингот од градското пазариште, со што градот ќе добие капитален инфраструктурен објект кој значително ќе ги подобри капацитетите за паркирање и ќе придонесе за растоварување на сообраќајот во центарот на градот. Ова денеска на прес конференција го најавија градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски и премиерот Христијан Мицкоски.

Според проектот, катната гаража ќе има 5 ката со капацитет за околу 200 возила. Таа треба да биде готова за 18 месеци, но постои оптимизам дека би можело да биде пуштено во употреба до следната туристичка сезона.

Вредност на проектот изнесува 90.307.996,00 денари без ДДВ или 106.563.435,28 денари со вклучен ДДВ, односно околу 1,73 милиони евра. Изведувач на работите е фирмата „Топлина“.

Г.М.