Пластичните контејнери кои се поставени на булевар „Туристичка“ во непосредна близина на кружниот тек кај „Билјанини Извори“, носени од силниот ветер кој го зафати Охрид, вчеравечер се движеа на средината на булеварот и на моменти го попречуваа сообраќајот.
Според прогнозите и денеска ќе се задржи студено време со слаб до умерен северен ветер. Минималната температурата ќе биде во интервал од минус осум до еден, а максималната од минус два до пет степени. За време на новогодишната ноќ ќе биде ведро и доста студено. Температурата од -11 до -3.
OhridNews