Во село Оровник, Охридско, денеска ќе пристигнат моштите на Светата великомаченичка Недела. По тој повод ќе се одржи литија, а утре предвидена е богослужба со поклонение.

Има денови кои се запишани во вечноста. Има денови кога небото се спушта на земјата. Токму тој дух нашите верници денес ќе може да го забележат и да го почувствуваат во село Оровник во верскиот храм Св. Недела. Денес село Оровник е духовното срце на Општина Дебрца и регионот, вели градоначалникот Сиљаноски, при тоа, повикувајќи ги верниците да се приклучат да овој свет чин.
Отец Љупчо Бакрачески посочи дека моштите на Светата великомаченица Недела ќе бидат денес донесени од храмот во Битола, по што ќе започне литијата со светите мошти од храмот Свети Илија во село Оровник до манастирот посветен на Света Недела.
Покана до сите верни чеда денес од 16 часот да дојдат да присуствува на овој свет настан, достојно да се поклониме на моштите на Светата великомаченица Недела и утре од 8 часот да почнеме да се собираме, од 9 часот да ги дочекаме нивните високопреосвештенства и цел народ литургиски како што и знае нашиот македонски народ дека треба да литургисува и да празнува. И овојпат да испразнуваме и да покажеме дека вистински сме православни верници, вели отец Бакрачески.
Покана до верниците да присуствуваат на овој свет чин и да се поклонат на моштите на Света Недела во име на жителите од село Оровник и фамилијата Нелоски упати и ктиторот Никола Нелоски.
OhridNews












