Југот кој предизвика силни бранови во Охридското Езеро преврте и оштети едрлица. Како што информираат од Капетанија на пристаништа се прават напори истата да биде преместена на безбедна локација, но поради големите бранови ситуацијата во моментов е отежнатата.

Според најавите од Упрвата за хидрометеоролошки работи и во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи со послаб интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

OhridNews