Тоа го објавија денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски, кои ја презентираа одлуката на Владата за субвенционирање на Виз Ер, авиокомпанија која ја избраа со спроведената постапка за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај.
Виз Ер, како авиопревиозник кој ќе добива субвенции во период од три години, од 28 октомври треба да воспостави летови двапати неделно кон Милано, Ајнтховен, Дортмунд и Минхен, двапати неделно од 29 октомрви до Малме, како и трипати неделно од 30 октомври до Базел. Авиокомпанијата понудила и алтернативна дестинација до Брисел која можеби ќе ја развие во наредниот период.
Виз Ер воедно презема обврска најдоцна до крајот на годинава да воспостави база од најмалку еден авион на аеродромот „Александар Велики“ и да ја одржува во период од три години согласно склучениот договор.
извор:МИА