Во февруари годинава во Охрид се издадени две одобренија за градба на две физички лица. Проценетата вредност изнесува 13 642 илјади денари. За овој период во Струга не е издадено ниту едно одобрение за градба, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

На ниво на држава издадени се 244 одобренија за градење, што е за 10.3 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Најголемиот дел од одобренијата, 173 се за високоградба, а предвидена е изградба на 309 станови.

Најголем број одобренија се изадени во Полошкиот Регион, 84, по што следуваат Скопскиот со 57, Југоисточниот, 33, Источниот Регион, 21, ..

Во Југозападнот издадени се 16 одобренија за градба, 11 на физички лица и 5 на деловни субјекти. Проценетата вредност изнесува 202 180 илјади денари.

OhridNews