По повод 28-ми јули Светскиот ден за борба против хепатитис , во двете најголеми приватни лаборатории во Охрид, „ Дарон“ и „Сонце“ , се организира бесплатна акција за тестирање од Хепатитис Б и Ц .Со акцијата се опфатени сите помлади од 50 години, но со посебен акцент на ризичните групи , дијализни пациенти , медицински персонал , интравенски зависници , хомосексуалци ,пациенти  после хируршки или стоматолошки интервенции.

Со цел да им се излезе во пресрет на заинтересираните граѓани, во двете лаборатории се обезбедени по 100 теста за испитувањата.

Акцијата ќе се реализира од 29-ти јули до 8-ми Август .

OhridNews