Во Марибор се дискутира за иднината на Библиотеките и примената на COBISS системот
18.11.26 13:32
Денеска и утре во Марибор, Словенија се одржува Меѓународната конференција COBISS 2026. Во македонската делегација предводена од директорот на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Јовица Никчевски е и директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Христина Трпеска.
Учесниците активно ќе ги следат неколкуте теми сврзани со новите предизвици и развојот и идната примена во библиотеките на COBISS.
Првата тема беше „Електронските материјали – важна алка во синџирот на знаењето“, а ќе следат: „Новини во софтверот на COBISS“, „Библиотеките во времето на ВИ и поддршка на науката“ и „Поглед кон иднината“.
Конференцијата на која присуствуваат претставници на библиотеки од земјите од поранешна Југославија има и предавачи и учесници надвор од регионот. Истата се одвива во хибриден формат (со физичко присуство и онлајн).
Ракометарите на Охрид викендов се насочува кон европската сцена На 21 и 22 ноември, во СРЦ „Билјанини извори“, ГРК Охрид ќе го одигра двомечот со литвански Драгунас Клаипеда во третото коло од ЕХФ ...
Шест уставни судови, членки на Форумот на балканските уставни судови (BCCF) едногласно усвоија Охридската декларација за време на 4 годишен состанок, кој се одржа во Охрид, во организација на Устав...
Општина Струга го започна процесот на подготовка на Буџетот за 2027 година, при што ги повикува сите граѓани, граѓански организации, здруженија и месни заедници активно да се вклучат со свои идеи, ...