Во март 2026 година Охрид го посетиле 17 182 туристи од кои 13 475 странски туристи и 3 707 домашни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Од странските најбројни биле гостите од Германија – 2 910, по што следат туристите од Франција – 1 603, Србија – 1 527 и Турција – 1 176. Бројот на ноќевањата во март 2026 година изнесува 34 233, од кои 6 987 се од домашните туристи, а 23 910 од странските туристи, посочуваат од ДЗС.

На ниво на држава 73 921 турист оствариле 134 233 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 19.7 % се домашни, а 80.3 % се странски туристи.

Најмногу странски туристи имало од Германија – 9 645, Турција – 9 090, Франција – 4 945 и Србија 3 955.

Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2%, односно кај домашните туристи има зголемување за 1.3%, а кај странските има зголемување за 6.9%, велат од ДЗС.

Во овој период во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е намален за 0.3% така што кај домашните туристи има намалување за 1.2%, а кај странските има зголемување за 0.2%.

Н.С.Ј.

извор. ДЗС