11-тиот Конгрес за ретки болести ќе се одржи од 7-ми до 9-ти мај во Охрид во организација на Македонското здружение за ретки болести. Под мотото „Кон персонализирана медицина“ овој конгрес претставува еден од најзначајните научни собири во регионот на кој се пријавени над 300 учесници, што го потврдува огромниот интерес и релевантноста на темите кои ќе бидат опфатени, велат од организациониот одбор.

Горди сме што успеавме во Охрид да обединиме научна елита од целиот свет. Присуството на реномирани странски предавачи и големиот број на пријавени учесници се доказ дека заеднички го трасираме патот кон подобра иднина и персонализиран третман за пациентите со ретки дијагнози, велат од организацијата.
Конгресот е поддржан од бројни медицински здруженија и институции, вклучувајќи ги Педијатриското здружение на Македонија, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), како и многу пациентски организации за ретки болести.
OhridNews












