Денес во Охрид беше одржана третата седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) каде домаќин беше градоначалникот Кирил Пецаков.

На седницата беа донесени значајни одлуки, а особено охрабрувачки е фактот што, според завршната сметка, ЗЕЛС е во позитива и бележи поуспешна година од претходната, благодарение на зголемената наплата на членарината. Посветено работиме и ќе продолжиме да работиме на унапредување на локалната самоуправа како еден од клучните двигатели на развојот на Македонија. Со силна поддршка од Владата и со заеднички напори, уверен сум дека ќе изградиме стабилни и ефикасни општини, со кои сите ќе се гордееме, истакна Ѓорѓиевски.
Посочува дека односот што оваа Влада го гради кон општините и ЗЕЛС влева нова надеж дека конечно ќе се направи исчекор напред кон имплементација на посакуваните европски стандарди.
OhridNews












