Здружението „Заборавени Македонци“, во соработка со Амбасадата во Париз, утре ќе ги одбележат 136 годишнината од раѓањето и 95 годишнината од смртта на македонскиот научник, доктор – онколог и општественик, охриѓанецот Анастас Коцарев.

Предвидено е полаѓање свежо цвеќе на почивалиштето на Д-р Анастас Коцарев на Градските гробишта Бонди и обраќања на претставници од македонските здруженија и институции.

Потоа следат евоцирање спомени и потсетување на делото на Д-р Анастас Коцарев во свечената сала на Амбасадата во Париз, промоција на проектот „Амбасада – пријател на културите“ со отворање на Библиотека во просториите на Амбасадата и промоција на “Клуб на пријатели на Амбасадата”.

Анастас Коцарев по потекло e од старо охридско семејство. Медицинскиот факултет го завршил на Женевскиот универзитет каде што работи и како асистент на универзитетската клиника. Својата кариера ја продолжува во Париз каде продолжува со истражувањата на Академијата за медицина во Сорбона. Таму тој продолжува да работи на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум заедно во соработка во Марија Кири-Склодовска која во тоа време била професор и директор на Лабораторијата за радиум на Универзитетот во Сорбона. Бил еден од пионерите на радиотерапијата, но и на радиографијата.

Коцарев е прв во светот кој направил рендографија на фотографска плоча на пациент заболен од рак. Умира во Париз на 28 март 1931 година под неразјаснети околности.

Н.С.Ј.