Во сабота на „Билјанини Извори“ во рамки на 12. коло од 2 МФЛ ќе биде одиграно дерби помеѓу Охрид и Беласица.

Пред фудбалерите на Охрид е уште еден важен натпревар во борбата за пласман во Првата лига, а поддршката од трибините е од големо значење, велат од ГФК Охрид.

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и сите навивачи на Охрид да дојдат во што поголем број и заедно да го бодриме нашиот клуб до нова победа! Да ги наполниме трибините и да покажеме дека Охрид заслужува прволигашки фудбал!, посочуваат.

Натпреварот ќе се одигра со почеток во 13 часот.

OhridNews