Традиционално ден по Ѓурѓовден и годинава во Струга ќе се одржи торжествена литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и неговата чудотворна икона.
Моштите на светителот од манастирот во Рајчица, според Дебарско-кичевската епархија, свечено ќе бидат пречекани во 13 часот во храмот „Свети Георгиј“ во Струга, каде верниците ќе може да се поклонат.
По отслужената вечерна богослужба, со која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско кичевски Георгиј, заедно со митрополит Тетовско – гостиварски Јосиф и свештенството од Дебарско-кичевската епархија, Литијата ќе тргне од дворот на црквата „Свети Георгиј“.
Литијата годинава има хуманитарен карактер, а настанот ќе биде збогатен со пригодна културна програма.
Г.М.















