Струга и оваа година достоинствено ја продолжи традицијата на одбележување на празникот Св. Ѓорѓија преку одржувањето на Струшката литија.
Празници и настани како овој имаат посебно значење за нашиот град, бидејќи ја чуваат традицијата, но и го потврдуваат духот на заедништво, почит и соживот по кој Струга е препознатлива. – велат од Општина Струга
Во атмосфера исполнета со мир, почит и заедничка радост, граѓаните уште еднаш покажаа дека вистинските вредности се негуваат заедно.
Општина Струга им го честита празникот Св. Ѓорѓија на сите кои го празнуваат, со желби за здравје, среќа и благосостојба.
OhridNews
Фото: Лука Плушкоски/Општина Струга





















