Водостојот на Охридско Езеро пет дена по ред е на нулта кота, покажуваат неделните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

И денес водостојот  на езерото е на кота 693.17 метри надморска височина (м.н.в.), што е за 7 сантиметри над дозволениот природен минумум утврден на 693,10 м.н.в.

Тој е и за 12 сантиметри под просекот за месец ноември кој изнесува 693,29 м.н.в.

OhridNews